Скокни до содржината

За Фестивалот

Скопје филм фестивал е основан во 1998 година, со мисија да ја развива филмската култура и да ја поврзе домашната публика со современата светска кинематографија.

Фестивалот претставува важна платформа за авторски филм, нови филмски правци и современи уметнички изрази.

Во текот на своето повеќедецениско постоење, фестивалот изгради препознатлив бренд и лојална публика, привлекувајќи 6.000 – 10.000 посетители годишно, како и бројни домашни и странски филмски професионалци.

Од годинава, фестивалот доживува своевидна трансформација во правец на осовременување на сопствената појавност и програмска структура. Се зголемува и бројот на интернационални учесници, а тимот и фестивалскиот одбор вклучуваат познати професионалци од различни земји од Европа и светот, овозможувајќи му на овој значаен „скопски“ настан, да прерасне во вистинско интернационално филмско случување од висок ранг.

Со новата концепција и програма, обмислени и спроведени од новиот фестивалски тим, Скопје филм фестивал ќе ја освежи културната сцена, заживувајќи ја повторно кинокултурата во нашиот град и ќе ја врати публиката во киносалите, создавајќи динамична платформа за филм, уметност и урбана култура.

Фестивалот има јасна стратегија и амбиција да биде еден од водечките културни двигатели во градот и значајна манифестација во реализацијата на „Скопје – Град на културата 2028“.