Акредитација
АКРЕДИТАЦИИ ЗА ФИЛМСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ
Акредитацијата за филмски професионалци е наменета за претставници на филмската индустрија и професионалци кои сакаат да учествуваат во професионалната програма на Скопскиот филмски фестивал.
Акредитацијата овозможува пристап до фестивалските проекции, едукативните работилници, панели, професионални средби и други индустриски настани, согласно со програмата и условите за пристап.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
За професионална акредитација можат да аплицираат:
Режисери, сценаристи и автори · Продуценти · Актери · Дистрибутери и продажни агенти · Филмски фестивали и организации · Киноприкажувачи · Филмски фондови и институции · Филмски критичари и медиумски професионалци · Програмери и куратори · Филмски архиви и кинотеки · Филмски училишта и академии · Филмски техничари и други професионалци од аудиовизуелниот сектор.
Секоја апликација се разгледува од фестивалскиот тим, а одобрената акредитација е лична и непренослива.
Акредитација за филмски професионалци
задолжителни полиња
Young Film Pass е акредитација наменета за младата филмска публика и идните генерации филмски професионалци, што им овозможува да го доживеат Скопje филм фестивал одблиску.
Акредитацијата овозможува пристап до фестивалските проекции, едукативните работилници, разговори со автори и избрани фестивалски настани, согласно со расположливите места и условите за пристап.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Млади на возраст од 18 до 28 години со интерес и страст кон филмот – без разлика дали студираат филм, се на почетокот на својата кариера или едноставно сакаат да ја откриваат современата кинематографија.
КАКО СЕ АПЛИЦИРА?
Апликацијата се поднесува онлајн и вклучува основни лични податоци и кратко мотивациско писмо за интересот кон филмот.
Бројот на акредитации е ограничен, а избраните кандидати ќе бидат известени по електронски пат.
Young Film Pass
задолжителни полиња
Акредитацијата е наменета за новинари, фотографи, уредници, филмски критичари и аудиовизуелни медиумски професионалци ангажирани за известување и следење на Скопскиот филмски фестивал.
Акредитираните претставници на медиумите имаат пристап до прес-конференциите, медиумските активности, фестивалските проекции и избрани настани, согласно со условите и расположливите места.
Апликациите за медиумска акредитација се поднесуваат исклучиво онлајн и подлежат на одобрување од фестивалскиот тим.
Акредитација за медиуми
задолжителни полиња

