Приклучи се
Акредитацијата е наменета за филмски професионалци, претставници на индустријата и медиумите кои сакаат професионално да учествуваат во фестивалските активности. Секој учесник треба навреме да поднесе барање за акредитација, а одобрувањето се врши согласно со професионалната категорија и критериумите на фестивалот.
За новинарите, фотографите, снимателите и други медиумски претставници се применува посебна постапка за медиумска акредитација. Упатствата, условите и роковите за пријавување ќе бидат објавени во делот „Прес“ на веб-страницата – линк
АКРЕДИТАЦИИ ЗА ФИЛМСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ
Акредитацијата за филмски професионалци е наменета за претставници на филмската индустрија и професионалци кои сакаат да учествуваат во професионалната програма на Скопскиот филмски фестивал.
Акредитацијата овозможува пристап до фестивалските проекции, едукативните работилници, панели, професионални средби и други индустриски настани, согласно со програмата и условите за пристап.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
За професионална акредитација можат да аплицираат:
Режисери, сценаристи и автори · Продуценти · Актери · Дистрибутери и продажни агенти · Филмски фестивали и организации · Киноприкажувачи · Филмски фондови и институции · Филмски критичари и медиумски професионалци · Програмери и куратори · Филмски архиви и кинотеки · Филмски училишта и академии · Филмски техничари и други професионалци од аудиовизуелниот сектор.
Секоја апликација се разгледува од фестивалскиот тим, а одобрената акредитација е лична и непренослива.

