Даниела Вебер

Организаторка на Берлинскиот филмски фестивал – Берлинале, родена во Висбаден, Германија.
Во периодот од 1969 до 1979 година се обучувала за модерна танчерка во Камербалет Висбаден. Од 1981 до 1990 година студирала магистерски студии по комуникациски науки (со фокус на новинарство, подоцна филм), театарски науки и француски/италијански јазик на Универзитетот Јоханес Гутенберг во Берлин. Во раните години Даниела била тренер за модерен танц во Танцфабрик Берлин. Пишувањето и режирањето кратки филмови на супер 8 мм биле нејзин ран интерес. Подоцна во кариерата, од 1989 до 1991 година, работела во канцеларијата за протокол на Берлинале. Во периодот 1991-92 била менаџер на единица во компанијата за синхронизација “Дојче Синхрон Берлин”. Од крајот на 1992 година и до денес, таа е одговорна за програмата во организацијата на Берлинале, координирајќи го целиот процес на селекција и проекции, со фокус на Конкурсот и Специјалната програма на Берлинале; програмирање на избраните филмови (Конкурс/Специјални) на фестивалот; надгледување на текот на работата и лекторирање на печатените материјали и веб-презентацијата на филмовите; комуникација со продуценти, за светска продажба, со режисери чии филмови се во конкуренција, пронаоѓање филмови на други фестивали.

