Скокни до содржината
Член на жирито

Даријан Пејовски

Даријан Пејовски

Македонски филмски и ТВ режисер и сценарист. Роден во Скопје, дипломирал филмска и ТВ режија на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје. Автор е на 7 краткометражни играни филмови, меѓу кои: 409 (2013), Скопје Ремикс- сегмент Опера (2012), Порака (2006), 15 Секунди (2004) и др. Бунило му е среднометражен ТВ филм режиран 2009. Косценарист е на двата долгометражни играни филмови Панкот не е мртов (2011) и М (2023). Како режисер на епизоди работи на неколку популарни ТВ проекти меѓу кои: Тин Камп, Зоки Поки, Преспав, Инсајдер, додека ТВ Серијалот во 2 сезони, Фамилијата Марковски (2017 и 2019)-го режира во целост. Со својот дебитантски долгометражен игран филм Три дена во септември, во 2015 ја има светската премиера на World Film Festival во Монтреал, Канада во Компетицијата Први Филмови. Потоа гостува во компетициите на бројни светски фестивали како: Чикаго/САД, Котбус/Германија, Братислава/Словачка, ФЕСТ-Белград/Србија, Febiofest-Прага/Чешка Република, SEE a Paris/Франција (награда за најдобра музика), Balcan Florence Express/Италија (2018, награда за најдобар филм). Мими (2022) е неговиот втор долгометражен игран филм кој го oтвори фестивалoт на европскиот филм Cinedays во Скопје и освои награда за најдобра женска улога, потоа учествуваше во компетициите на фестивалите во Пула/Хрватска, Палиќ/Србија, Фестивал на нов балкански филм-Стокхолм/Шведска, Херцег Нови/Црна Гора и др.