Скокни до содржината
МИЗЕРНА МАЈКА
Дијалози (Компетиција)

МИЗЕРНА МАЈКА

THE MISERABLE MOTHER

  • РежисерЗузане Хајнрих
  • Земја / ГодинаГерманија, Франција / 2026
  • Времетраење80′

Крупен кадар: „Мизерната Мајка“ со своето дете стои пред слика на Мадона, која ја реплицира речиси совршено: истата поза, истите бои, истиот возвишен израз. Гласот на режисерката зад камерата: „Главата малку потсвртена кон лево. И… акција!“

Петар Пан затрчано влегува во кадарот. Ја опсипува „Мизерната Мајка“ со бакнежи по лицето, распоредува намирници – пелени, влошки за доење низ станот, ја вклучува машината за садови и, поминувајќи, лежерно ја фаќа „Мизерната Мајка“, која се исправила само за да заспие стоејќи: кореографирана динамика на една врска. Тела кои никогаш не мируваат, кои се во постојано движење, но не едно кон друго, туку од поза во поза.

Така е и во следната сцена: „Мизерната Мајка“ чекори низ паркот со детска количка и од кој не изразува ништо освен страдање, мрморејќи си во ритамот на придружниот инструмент: „Ох, кога барем би можела да работам, кога барем би можела да пишувам, кога барем би можела да читам, кога барем би можела да размислувам… Ох, ти!“

На нејзината секојдневна прошетка низ геометриските цветни леи, таа среќава стара познаничка која веднаш ја одведува во кафетерија за мајки и деца, претставувајќи ѝ ја нејзината нова заедница. Оваа заедница има мислење за сѐ, тренди термин („Mum shame!“) и куп непобарани совети. И веднаш, во ритам составен од звуците на склопување колички, торби со пелени и пластичен прибор за јадење, тие пеат за сопствената слика како заедница од потреба: „Но никој не те предупредува однапред / Никој не ти кажува како е навистина / Толку од женската солидарност! / Мора самата да станеш мајка / За да дознаеш како е.“

Нејзината сопствена мајка, која ѝ помага на „Мизерната Мајка“ околу садовите или алиштата, не може многу да сфати од ваквиот перформативен родителски стил. „Ако го трошев времето грижејќи се за тоа, ништо немаше да завршам“, гласи нејзиниот сув коментар за три минутната музичка интермецо-пауза за тоа какви родители всушност сакаат да бидат „Мизерната Мајка“ и Петар Пан. А на сите други места, било да е тоа филмска проекција или протест во паркот, „Мизерната Мајка“ се чувствува како потполн аутсајдер. Поголемиот дел од времето таа и онака го поминува на софата, каде што се сместила комотно, додека Петар Пан лета околу неа, обидувајќи се со сѐ за да ја задржи нејзината наклонетост. Поделбата на улогите останува статична исто колку и нејзината положба на софата. Или, според нејзините сопствени зборови: „Ти си одговорен за оптимизмот, јас сум одговорна за проблемите.“

Но, дури ни ова сознание не ја спречува дилемата да продолжи да се одмотува наместо конфликт. Оваа дилема се однесува на мајка која отсекогаш била мизерна и на Петар Пан кој не може ништо да направи како што треба, а се врти околу прашањето дали сѐ уште има смисла да се остане во светлото на оваа ситуација. Кога неизбежното ќе се случи и Петар Пан конечно ќе си замине, тоа не означува дека сѐ конечно завршило. Едноставно продолжува „програмата низ која минуваат сите млади родители“ и од која дури ни тие двајцата, покрај сета своја мудрост и добри намери, не можат да побегнат. Или можеби можат?

Она што би можело да биде тажна, обична приказна за млади родители во 21 век, за среќа, е мјузикл со самовили, бебиња што зборуваат и детски хор на небото. Затоа што на крајот, можеби и не се работи толку за мајчинството, туку за апсурдните општествени услови кои можеби најдобро се доловуваат преку детски мелодии и стрип естетика. И само малку за прашањето: за кого всушност го правиме сето ова.

Улоги: Роза Ландерс, Тео Коларусо
Режија: Зузане Хајнрих
Сценарио: Зузане Хајнрих
Кинематограф (Директор на фотографија): Агнеш Пакожди
Монтажа: Клемантин Декрем
Кореографија: Греам Смит
Песни: Зузане Хајнрих, Вили Зигер, Мориц Сембрицки
Оригинална музика: Вили Зигер
Сценографија: Мирен Олер
Костимографија: Лаура И. Шефлер
Шминка и фризура: Елена Циглер
Дизајн на звук: Никлас Камертенс
Продукција: Reynard Films – Катарина Везер, Essential Films – Филип Бобер, Société Parisienne de Production
Во копродукција со: WDR – Андреа Ханке