Сместен во тесните улички на урбана Манила за време на врвот на суровата војна против дрогата, АНДОЈ, привремен работник, станува сведок на егзекуцијата на КЕРВИН, тинејџер и ученик вовлечен во полициска операција. Незабележан од сите, Андој се повлекува во молк, враќајќи се на своето секојдневие додека сеќавањето на настанот останува да лебди под површината на неговиот живот.
Додека мајката на Кервин, МАРИСА, бара одговори наспроти демантите од полицијата и бирократската суровост, телевизиската новинарка ПАТРИША ИГНАСИО се обидува да го документира секојдневниот пораст на бројот на жртви, соочувајќи се со ѕид од молчење, исчезнати снимки од безбедносните камери и застрашувачка институционална контрола.
Нивните патишта се испреплетуваат во заедничката потрага по вистината и правдата.
Улоги: Лотлот де Леон, Ина Фелео, Нико Антонио, Тања Гомез, Џоел Сарачо, Дилан Реј Талон, Марио Магалона, Ром Фактолерин, Ензо Осорио, Акиша Томбига, Џорибел Агото
Режија: Лоренс Фажардо
Сценарио: Трој Еспириту
Продуценти: Фердинанд Лапуз, Патриша Сумаги
Извршни продуценти: Винсент Ванг, Нобу Цаи, Хсин Хунг, Перси Инталан, Рафа Лаперал, Хосабет Алонсо
Кинематограф (Директор на фотографија): Алберт Банзон
Монтажа: Лоренс Фажардо, Бенхо Ферер
Менаџер на продукција: Бунсо Бандиола
Сценографија: Ијан Траифалгар
Костимографија: Стив Салвадор
Звук: Ламберто Касас Џуниор, Алекс Томбок
Музика: Џозеф Лансанг
Продукциски куќи: Quantum Films, House On Fire International – France, House on Fire – Taiwan


