Рита, обична но осамена жена, е киднапирана. Нејзините киднапери, семејството Арпад, тврдат дека таа не се вика Рита туку Силви — нивната ќерка која избегала. Рита на крајот сфаќа дека единствениот излез е да влезе подлабоко во нивната игра: за да побегне, таа мора да го преземе идентитетот на Силви. Но, колку повеќе станува исчезнатото девојче, толку повеќе дознава за семејството и сфаќа дека нејзиниот живот е во животна опасност.
Улоги: Рози Ловаш, Арон Молнар, Тибор Сервет, Бетина Јожа, Иштван Знаменак, Корнел Шимон, Дорка Грилуш, Шома Шимон
Режија: Габор Холтаи
Сценарио: Атила Вереш
Продуцент: Петер Филеп, Золтан Мартонфи, Адам Фаркаш
Извршни продуценти: Габор Холтаи, Атила Вереш, Арон Молнар, Рози Ловаш
Кинематограф (Директор на фотографија): Даниел Секе
Монтажа: Ева Вица Ковач, Габор Холтаи
Звук: Криштоф Блабла
Музика: Габор Холтаи
Сценографија: Естер Такач
Костимографија: Адриена Наѓ
Главна шминка и фризура: Барбара Кунд
Понекогаш еден филм толку совршено го доловува расположението на една нација што станува многу повеќе од кинохит. „ЧУВСТВО НА ДОМ“, во режија на Габор Холтаи, со брилијантните Рози Ловаш, Арон Молнар и Дорка Грилуш, стана вистинска филмска сензација во Унгарија, погодувајќи болна точка со својот вознемирувачки портрет на жена заробена во семејство со кое владее авторитарен патријарх. Брилијантен, нервозно напнат трилер што ќе ве држи на работ на седиштето и ќе ве остави без здив, тој истовремено нè повикува да погледнеме подалеку од екранот: паралелите со унгарското општество тешко можат да се превидат. А со губењето на власта на Виктор Орбан на парламентарните избори на 12 април 2026 година, не можеме а да не се запрашаме дали и филмови како овој ѝ помогнаа на публиката да замисли поинаква реалност. Киното можеби не може самостојно да менува влади, но секако може да го промени начинот на кој го гледаме светот!
— Ники Никитин
- Сабота, 7 ноември · 19:00 Кино Фросина, МКЦ Карта

