НЕМА РАЈ АКО ТЕ УБИЕ ЖЕНА
NO PARADISE IF YOU ARE KILLED BY A WOMAN
Вијан, курдска снајперистка, ја преживеала војната потполно исклучувајќи ги своите емоции. Кога дознава дека нејзината помлада сестра, за која се веруваше дека ги загубила трагите за време на нападот на ИСИС во 2014 година, сѐ уште можеби е жива во Мосул, таа се враќа во градот обликуван од смрт и деструктивност. Нејзината потрага станува спасувачка мисија и соочување со траумата што со години се обидувала да ја замолчи.
Улоги: Аван Џамал, Торбјорн Хар, Канар Сарчл, Кадер Џалал
Режија: Халкавт Мустафа
Сценарио: Халкавт Мустафа
Приказна: Халкавт Мустафа
Оригинална музика: Тронд Бјеркнес
Кинематограф (Директор на фотографија): Џон Ерлинг Х. Фредриксен
Монтажа: Вибеке Ронсет
Арт директори: Микаел Вархеји и Харди Али
Костимографија: Рожијар Тахмурес Нија
Звук: Матијас Еклунд и Јан Каскаво
Продукциска куќа: Hene Films AS
Продуценти: Халкавт Мустафа, Јане Хјелтнес, Џон М. Јакобсен
„НЕМА РАЈ АКО ТЕ УБИЕ ЖЕНА“ (Норвешка/Ирак, 2026) на Халкаут Мустафа, кој лично ќе ни се придружи на фестивалот, ја имаше својата светска премиера на овогодишниот Филмски фестивал во Венеција и е избран за официјален ирачки кандидат за Оскарите во 2027 година.
Возбудлив, емотивно набиен и впечатливо актуелен акциски трилер, со извонредната Аван Џамал како курдска снајперистка која се враќа во војната разурнатиот Мосул во потрага по својата исчезната сестра. Со жестоката решителност на иконската Невеста на Ума Турман во „Убиј го Бил“, Џамал остварува исклучително моќна и убедлива изведба, спојувајќи извонредно физичко присуство со емотивна длабочина. Инспириран од вистинската храброст на курдските жени што се борат против ИСИС, Мустафа создаде силно впечатлив, напнат и длабоко трогателен филм за отпорот, преживувањето и силата на жените соочени со незамисливо насилство.
— Ники Никитин
- Петок, 6 ноември · 19:00 Кино Фросина, МКЦ Карта

