Во една бурна ноќ во Рим, Ана пристигнува во станот на својата ќерка Алис со разорно признание: целата нивна семејна историја е изградена врз лага. Дваесет години претходно, по ужасна несреќа поради која Алис за малку ќе ја изгубела ногата, Ана тврди дека склучила договор со мистериозен Странец за да ја спаси. Но, за чудото имало цена. Она што таа го сметала за единствена очајна зделка, всушност ослободило спирална верижна реакција, домино-ефект на сѐ потрагични настани кои ги прогонуваат нивните животи оттогаш.
Сега, Странецот дошол да го наплати долгот. И Ана е убедена дека само Алис може да ја прекине спиралата и да ги исправи работите. Но, по која цена?
Улоги: Џасмин Тринка, Романа Маџора Вергано, Адријано Џанини, Валерија Бруни Тедески, Габриела Телефрафо, МаријанДреа Чезари, Андреа Џеновезе, Алесандро Карбонара, Андреа Росини, Марина Лимозани
Режија: Паоло Стриполи
Сценарио: Паоло Стриполи и Салваторе Де Чирко
Монтажа на оригинална музика: Роб Федерико Палмерини
Кинематограф (Директор на фотографија): Кристијано Ди Никола
Сценографија: Марчело Ди Карло
Костимографија: Сузана Мастројани
Шминка: Винченца Лампарели
Фризура: Пабло Кабељо
Протетичка шминка: Оливие Афонсо
Звук: Квентин Колет
Звучни ефекти: Марк Бастиен
Микс на звук: Франко Пископо
Визуелни ефекти: Џузепе Сквилачи, Жилијан Вандевелде, Сандер Јансенс, Лорелин Силан
Специјални ефекти: Паоло Галијано
Кастинг: Ана Пенела и Стефанија Рода
Прв асистент на режија: Тицијано Грасо
Администратор: Емануела Валенте
Линиски продуцент: Фабио Ломбардели
Извршен продуцент: Марина Марцото
Продукција: Propaganda Italia и Rai Cinema
Во соработка со: Dinamo Film
Копродукција: Kazak Productions (Франција), Tarantula (Белгија)
„СПИРАЛА“ (L’ESTRANEA) на Паоло Стриполи | Италија / Франција / Белгија. Официјалниот италијански кандидат за Оскар, неодамна вклучен во потесниот избор за Европските филмски награди, и дефинитивно едно од моите највозбудливи откритија од конкуренцијата во Венеција! Врвен жанровски филм што докажува колку киното може истовремено да биде возбудливо, забавно и уметнички амбициозно. Со восхитувачки визуелни решенија, брилијантно раскажување и извонредна актерска екипа, вклучувајќи ги прекрасната Јасмин Тринка и едноставно феноменалната Валерија Бруни Тедески, Паоло Стриполи создава атмосфера на толку неверојатна напнатост што во киносалата буквално би можело да се слушне и игла како паѓа! А филмот е уште пофасцинантен поради леснотијата со која се движи меѓу психолошки трилер, хорор, семејна драма и црна комедија, истражувајќи притоа прилично вознемирувачки прашања за љубовта, вината и цената на заштитата на нашите најблиски. Не е ни чудо што „Гардијан“ го пофали како „урнебесно напнат филм што ве држи на работ на седиштето“, па дури и ја спореди неговата визуелна елеганција со киното на Паоло Сорентино! А кога ќе помислите дека Стриполи има само 33 години! Несомнено огромен талент што треба да се следи и прекрасен пример за жанровско творештво на највисоко уметничко ниво. Вистинско откритие!
— Ники Никитин
- Четврток, 5 ноември · 19:00 Кино Фросина, МКЦ Карта

