Павле Вучковиќ

Режисер и сценарист, роден 1982, Белград, Србија.
Студирал на ФДУ/Факултет за Драмски Уметности во Белград и дипломирал на отсекот филмска и ТВ режија. За телевизијата Б92 режирал седум епизоди од серијата Миле против транзицијата. Од 2003 Павле работел на разни формати-вклучувајќи ги примарно кратките и играните филмови, ТВ серии, анимација, рекламни/комерцијални спотови и музички видеа. Неговиот краток филм БЕГАЈ ЗАЈКО, БЕГАЈ во 2003 го најави талентот на Павле како режисер, сценарист и продуцент, кој со овој првенец учествуваше на Канскиот фестивал во програмата Cinefondation и го освои Првото место. Овој филм му е дел од постојаната колекција на МОМА/Музеот на Модерна Уметност во Њујорк. И со вториот краток филм МИНУС во 2007 одново се најде во истата престижна програма во Кан, освојувајќи го Третото место. Присуството на престижниот Кански фестивал Павле го потврди во 2015 и со својот дебитански целовечерен игран филм ПАНАМА (љубовна приказна на двајца млади во форма на трилер), со специјална проекција во официјалната селекција-Номиниран за дебитантската Златна камера. Потоа ја доби и наградата за најдобар дебитантски филм на Белградски ФЕСТ 2016, за потоа да продолжи низ 20 фестивали во Србија и светот со неколку освоени награди. Книгата на снимање за вториот целовечерен игран филм МРАЗ му беше исто така селектирана на Канската програма за развој на филмски проекти L’ Atelier во 2021. МРАЗ (2026) токму годинава стана неговиот најнов интернационално успешен целовечерен игран филм, со светската премиера во Официјалната селекција на фестивалот во СИТГЕС-Каталонија/Шпанија, специјализиран за фантастиката и хорор жанровите. Потоа учествуваше на фестивали во Тел Авив-Израел, Лунд-Шведска и неодамна во Сао Паоло-Бразил и Амстердам-Холандија. МРАЗ е инспириран од митологијата на источна Србија, а главната улога на инспекторка ја толкува македонската артистка Камка Тоциновска.

