ДЕНЕС НА СФФ2026: Премиера на македонскиот кандидат за Оскар, „17“ и богата програма во МКЦ и МНТ

Скопје, 5 ноември 2026 година – Денес Скопје Филм Фестивал на репертоарот нуди богатата фестивалска програма, носејќи со себе силна авторска кинематографија, мастерклас предавања и долгоочекувана премиера.
Програмата започнува во 13:00 часот во Кино „Фросина“ во рамките на сегментот „А1 Кинотека“, со проекцијата на култниот регионaлен класик „Љубовен случај или трагедијата на поштенската чиновничка“ на легендарниот режисер Душан Макавеев. Веднаш потоа, во 14:30 часот во Клуб МКЦ, ќе се одржи ексклузивниот мастерклас на истакнатиот полски авторски тандем и овогодишни добитници на признанието „Златна Скополија“ – Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт. Попладневната програма продолжува во Кино „Фросина“ со остварувањето „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“ (САД/Канада) во режија на Џејн Шенбрун од 17:00 часот, по што во 19:00 часот следи напнатиот италијанско-француски трилер „Спирала“ на Паоло Стриполи. Централниот настан на денот е закажан за 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) со дефилето на Црвениот килим, по што во 21:00 часот ќе се одржи свечената премиера на македонскиот кандидат за наградата „Оскар“, играниот филм „17“ во режија на Косара Митиќ.
Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets. За целосната фестивалска програма, дополнителни информации и новости околу претстојните активности на фестивалот, посетете ја официјалната веб-страница sff.mk или следете ги официјалните профили на фестивалот на социјалните мрежи.
За Скопје Филм Фестивал
Основан во 1998 година, Скопје Филм Фестивал има повеќедецениска мисија да ја развива филмската култура и да ја поврзува домашната публика со современата светска кинематографија. Како препознатлив бренд и значајна платформа за авторски филм и нови уметнички изрази, фестивалот годишно привлекува меѓу 6.000 и 10.000 посетители, како и бројни домашни и странски филмски професионалци.
Од оваа година, фестивалот влегува во фаза на трансформација и осовременување на својата програмска структура и визуелен идентитет. Со нов меѓународен фестивалски совет и тим составен од истакнати професионалци од Европа и светот, Скопје Филм Фестивал се позиционира како водечки културен двигател во регионот и еден од темелните столбови во реализацијата на проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028“.
Покровител на фестивалот е Град Скопје, а Партнер „А1 Македонија“. Поддржувачи на СФФ2026 се: „Титан Усје“, „Dalegovod“, „ЕВН“, „Гемак“, „Schweppes“, „Алхемист“, „Peyrassol“, „Valdo“, „АГНА Скопје“, „Горска Вода“„Вертиго“, „АВЦ Груп“, „ДВД Плус“, „Nestle“, Хотел “Double Tree by Hilton-Skopje“, Хотел „Marriott-Skopje“, „Delfino Group“ и „Sixt”.
Оваа година, фестивалот ќе се реализира на две локации – Н.У. Македонски Народен Театар (МНТ) и Младински Културен Центар – МКЦ.
Официјална веб страница: www.sff.mk
Официјални страници на социјалните мрежи:Facebook: SkopjeFilmFestival | Instagram: skopjefilmfestival | Tik-Tok: skopjefilmfestival | LinkedIn: skopje-film-festival | YouTube: @Skopje.Film.Festival

