ДЕНЕС НА СФФ2026: Интензивни авторски приказни, европски краткометражни остварувања и мастерклас со Драган Бјелогрлиќ

Скопје, 6 ноември 2026 година – Вториот ден на 26. Скопје Филм Фестивал носи содржајна и разновидна програма што ги спојува култната филмска традиција, современите европски краткометражни филмови и големите регионални кинематографски имиња.
Денот започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со вториот фестивалски мастерклас со познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој пред домашната публика и младите филмски професионалци ќе сподели искуства за создавањето на кинематографски хит-остварувања и регионални копродукции. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамките на А1 Кинотека, ќе биде прикажано ремек-делото на Горан Марковиќ, „Национална класа“.
Попладневниот и вечерниот блок во Кино „Фросина“ носат исклучително моќни наслови. Во 17:00 часот се прикажува бразилско-француската драма „Изабел“ на Гејб Клингер, по што во 19:00 часот следи документарно-играната драма „Нема рај ако те убие жена“ во режија на Халкавт Мустафа (Норвешка/Ирак), која ја следи потресната приказна за снајперистка во пресрет на потрагата по својата сестра во Мосул. Фестивалската вечер во МКЦ ќе биде заокружена во 21:00 часот со проекцијата на врвното филмско остварување „Фјорд“ на истакнатиот романски режисер Кристијан Мунџиу, додека Себастијан Стен толкува една од главните улоги.
Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets. За целосната фестивалска програма, дополнителни информации и новости околу претстојните активности на фестивалот, посетете ја официјалната веб-страница sff.mk или следете ги официјалните профили на фестивалот на социјалните мрежи.
За Скопје Филм Фестивал
Основан во 1998 година, Скопје Филм Фестивал има повеќедецениска мисија да ја развива филмската култура и да ја поврзува домашната публика со современата светска кинематографија. Како препознатлив бренд и значајна платформа за авторски филм и нови уметнички изрази, фестивалот годишно привлекува меѓу 6.000 и 10.000 посетители, како и бројни домашни и странски филмски професионалци.
Од оваа година, фестивалот влегува во фаза на трансформација и осовременување на својата програмска структура и визуелен идентитет. Со нов меѓународен фестивалски совет и тим составен од истакнати професионалци од Европа и светот, Скопје Филм Фестивал се позиционира како водечки културен двигател во регионот и еден од темелните столбови во реализацијата на проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028“.
Покровител на фестивалот е Град Скопје, а Партнер „А1 Македонија“. Поддржувачи на СФФ2026 се: „Титан Усје“, „Dalegovod“, „ЕВН“, „Гемак“, „Schweppes“, „Алхемист“, „Peyrassol“, „Valdo“, „АГНА Скопје“, „Горска Вода“„Вертиго“, „АВЦ Груп“, „ДВД Плус“, „Nestle“, Хотел “Double Tree by Hilton-Skopje“, Хотел „Marriott-Skopje“, „Delfino Group“ и „Sixt”.
Оваа година, фестивалот ќе се реализира на две локации – Н.У. Македонски Народен Театар (МНТ) и Младински Културен Центар – МКЦ.
Официјална веб страница: www.sff.mk
Официјални страници на социјалните мрежи:Facebook: SkopjeFilmFestival | Instagram: skopjefilmfestival | Tik-Tok: skopjefilmfestival | LinkedIn: skopje-film-festival | YouTube: @Skopje.Film.Festival

