Официјална програма
Главна компетитивна програма на Скопје филм фестивал, посветена на авторски филмови кои ја користат кинематографијата како простор за критика, дијалог и општествена промена.
Селекција на современи играни филмови од целиот свет, која ги претставува најинтересните авторски остварувања, новите гласови и актуелните тенденции во светската кинематографија, со посебен фокус на филмови што истражуваат различни форми, жанрови и филмски јазици.
Програма посветена на авторите што оставиле значаен белег во кинематографијата, претставувајќи внимателно избрани дела од нивниот опус, како и ретроспективи на значајни филмски движења и правци.
Програма реализирана во соработка со кинотеки и филмски архиви, посветена на значајни филмови, автори и правци од историјата на светската кинематографија, претставени низ ретроспективи и обновени филмски класици.
Програма на кратки европски филмови, реализирана во соработка со Европската филмска академија (EFA). Селекцијата носи дел од најдобрите нови краткометражни остварувања од европската кинематографија.

